Магазин

Струмичанката која го воодушеви жирито на Гранд, не помина во следниот круг

Струмичанката Ангела Котуровиќ не помина во следната фаза од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ иако ги воодушеви членовите на стручното жири и доби пофални зборови.

Ангела ги пееше песните „Круна“ и „Радио свира за нас“.

„Ти, драга моја, ти не си лоша, само треба малку да си го скротиш гласот. И на двете ви посакувам среќа во бараж“, рече Цеца.

„Ангела, ти беше добра, имам само една замерка. Не знам дали е од страв, ама ти некаде ми беше малку ниска. Имаш добра песна и се бориш во баражот“, рече Марија.

На почеток