Џамбазов по веста за смртта на Мешковски: „Навиваше за мене и тогаш кога не требаше, се гледаме стари“

Од
Објавено на

Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски почина по долго боледување во својот дом во Лос Анџелес, САД. Колегите актери преку социјалните мрежи се простуваат од легендарниот актер.
Меѓу нив е шоуменот Игор Џамбазов кој вели дека Мешковски го прифатил како син, и тогаш кога не требало.
-Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага… Низ главава ми експлодираат спомени. Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари…, напиша Џамбазов на Фејсбук.
