Киднаперите не се двајца, туку тоа е поголема банда, тие работат со молчење, вели таткото на Самоил

Од
Објавено на

Таткото на киднапираниот Самоил вели дека семејството досега нема никакви информации до каде е истрагата.
Смета дека киднаперите не се само двајцата кои се приведени, туку дека се работи за поголема банда.
„Досега немаме никакви информации до каде е истрагата. Знаеме дека има приведени двајца што биле учесници во киднапирањето, и имаат притвор од 30 дена. Ама таа банда не е само толку, туку е поголема банда. Тие работат со молчење, не даваат никакви изјави. Ние кажавме дека доколку мојот син се најде и ако некој ни даде точна информација, ќе има парична награда. Досега никој нема кажано каде се наоѓа Самоил, сите молчат“, рече за Сител таткото на Самоил.
Бараат помош за пронаоѓање.
