Спорт

(Видео) Хаос на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е прекинат попладнево во Скопје поради сериозни инциденти предизвикани од навивачите.

Натпреварот е прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински навивачи при влегување во салата „Јане Сандански“ почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства, на што возвратија навивачите на Вардар кои влегоа на теренот фрлајќи со шишиња и тврди предмети.

Натпреварот е во прекин, а двете екипи се повлекоа од теренот.

На почеток