Свет

(Видео) Жена од САД го убила сопругот и пренесувала се во живо на Фејсбук


Жена од Мисисипи е обвинета дека пукала и го убила својот сопруг за време на расправија во саботата наутро што таа ја пренесувала во живо на Фејсбук.

dobivaj vesti na viber

Кадеја Мишел Браун (28) беше обвинета откако смртно го застрела Џереми Браун (28) во нивниот дом во округот Лоундес.

Во шокантното видео пред инцидентот жената му се пожалила на сопругот дека никогаш не е дома и дека не помага во грижата за децата.

Во еден момент расправијата преминува во физички конфликт, односно на снимката се слуша како Џереми постојано и кажува на сопругата „да ги тргне рацете од него“ и да го остави на мира, пишува Дејли Мејл.

Непосредно пред да се слушне истрелот, Кадејах вика дека ќе го убие.

Потоа, Кадеја и нејзината мајка, која исто така била во куќата, се слушаат како викаат и Кадеја вели: „Не сакам да одам во затвор“.

Во позадина се слуша плачот на дете кое вели дека го сака својот татко.

Според објавите на социјалните мрежи, парот има четири деца и ја прослави годишнината од нивната врска претходно овој месец.

Шерифот на округот Лоундес Еди Хокинс изјави дека на местото на настанот бил пронајден пиштол калибар 9 мм.

Браун е приведена без инциденти,пренесе Индекс.хр.

На почеток