Коментари

„Дно! Говоров е некоректен и недозволив“, професорката Данева со критики за пратеникот Ковачки

Професорката Ана Павловска Данева со жестока критика на својот фејсбук профил за пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, кој од собраниска говорница изјави дека министерката Славјанка Петровска секој ден земала седативи.

„Дно! Говоров не само што е политички крајно некоректен, некултурен и недозволив, туку е и контрапродуктивен! Дегутантно“, напиша Данева на фејсбук.

Инаку, и самата министерка реагираше и му најави на Ковачки уште една тужба за овие негови наводи, кои ги нарече лаги.

На почеток