Македонија

Австрискиот претседател денеска во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува во официјална посета на Македонија во придружба на сопругата Дорис Шмидауер.

Претседателот Ван дер Белен ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен и пленарен состанок на делегациите на Македонија и Австрија.

Во рамките на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје ,претседателот Ван дер Белен и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. Предвидено е двајцата претседатели да се обратат на македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“.

На почеток