Коментари

Јане Ченто: Шаманот од американскиот „27 април“ е ослободен откако се откри дека се криеле докази, и кај нас се монтираа докази, ама правда уште чекаме

Тоа е! Американски “27 Април” – шаманот кој беше најмногу осуден 3 години доби ослободување откако се откри дека тамошните правосудни органи криеле докази, вели Јане Ченто во својата објава на социјалните мрежи.

„И кај нас се криеа и монтираа докази ама еве уште чекаме правда.
На сите им е јасно дека ние сме осудени со во монтиран обвинителско-судски процес од Вилма Русковка и Добрила Кацарска.
Ќе дочекаме можеби и ние да ги видиме пред лицето на правдата оние кои го монтираа овој процес.

(Превод) Време е! Откако беше осуден на речиси 3 години затвор за ненасилни престапи, Канон Шаман е ослободен, 14 месеци порано, само неколку недели откако Такер Карлстон го емитуваше ослободувачкото видео на 6-ти јануари, кое неговите бранители тврдат дека никогаш не го виделе. Сега, потребна е одговорност за оние кои ги задржаа доказите за да го продолжат својот лажен наратив!
Слободните медиуми може и ќе ја објават оваа информација“, вели тој.

На почеток