Скопје

237 санкционирани возачи во Скопје: 79 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 237 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

To Top