Актуелно

Германија прифати 32 мигранти кои ја преживеаја бурата кај Италија


Германија прифати 32 преживеани мигранти од минатомесечниот бродолом кај јужна Италија, соопштија денеска италијанските власти и Обединетите нации.

dobivaj vesti na viber

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) помогна да се организира чартер лет со кој беа превезени 32 преживеани во Хамбург, се вели во соопштението на Канцеларијата на Владата на италијанската област Калабрија.

Како што јавува АНСА, меѓу преживеаните има 28 Авганистанци, двајца Сиријци, еден Ирачанец и еден Сомалиец, а тие ќе им се придружат на своите роднини кои веќе живеат во Германија.

Портпаролот на ИОМ рече дека ќе можат да побараат азил.

Италијанската влада, која се соочува со зголемување на илегалната миграција по море од Северна Африка, постојано ги повикува другите земји во Европската унија да примат повеќе мигранти. Повеќе од 90 луѓе загинаа на 26 февруари во близина на Кутро во Калабрија, во една од најсмртоносните поморски несреќи во италијанските територијални води.

Италијанските власти ги отфрлија обвинувањата дека не направиле доволно за да го спречат бродоломот.

Полициски чамци се обиделе да го пресретнат бродот пред да потоне, но не можеле да стигнат поради лошите временски услови.

На почеток