Коментари

Спасовски сакал да биде претседател на држава и цела машинерија е ангажирана за тоа уште од сега, вклучително одметнати од ВМРО, вели Јоци

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски сака да стане претседател на државата.

„Ама Вилма немој така….па Оливер Спасовски сакал да биде претседател на држава и цела зарибана машинерија е ангажирана за тоа уште од сега, вклучително одметнати од ВМРО. Окапуваат по ручкови со месеци.

Пресмешно е да се читаат насловите кај таквите од типот – ,,министерот Спасовски во борба со мафијата”.

Оливер нема абер од реалноста и затоа и не знае дека ќе изгуби во прв круг, ако случајно му текне да се кандидира“, вели Јоци.

На почеток