Свет

(Видео) Најмалку 5 мртви и шестмина повредени во пукање во Луисвил

[ad_1]

Најмалку пет лица загинаа, а шест други, меѓу кои и еден полицаец, се повредени по пукањето во банка во центарот на Луисвил, Кентаки, во 8:30 часот утринава по локално време, пренесува Си-ен-ен.

dobivaj vesti na viber

Според прелиминарните информации од терен од официјални извори, напаѓачот отворил оган во конференциската сала на првиот кат од банката.

За време на инцидентот имало размена на истрели меѓу напаѓачот, кој бил вооружен со пушка, и полицијата, при што напаѓачот бил застрелан и убиен.

Состојбата на повредените не е позната, но сите се пренесени во Универзитетската болница во градот. Непознат е и мотивот на напаѓачот, но засега не се верува дека нападот има терористичка заднина.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, објави во порака на Твитер дека се упатил на местото на инцидентот, во ќија истрага се вклучиле и Федералното биро за истраги (ФБИ) и АТФ, американското Биро за алкохол, тутун, оружје и експлозиви



[ad_2]

На почеток