Македонија

Заев го прими новиот руски амбасадор

Како што информираат од владината прес-служба, Заев му посакал добредојде на амбасадорот Баздникин и истакнал дека очекува и тој, како и неговиот претходник, да продолжи со успех во извршувањето на неговата одговорна работа за унапредување на односите меѓу двете земји.

Како приоритет во интересите на Република Македонија, Заев ги издвоил потенцијалите на економската соработка, особено во делот на земјоделството и производството на храна, како и интересот на нашата земја за проширување и унапредување на соработката во сферата на енергетиката.

Премиерот и амбасадорот се согласиле дека треба да се поттикне работата на Мешовитата меѓувладина комисија за трговско-економска соработка за да се ефектуираат сериозните потенцијали на овој план.

На средбата било изразено задоволство од досегашната соработка на планот на културата која, како што било речено, и понатаму останува силна врска меѓу двете земји, изградена на традициите и на заедничките специфики на културните врски.

Амбасадорот Баздникин на средбата истакнал дека ќе ги вложи своите капацитети и досегашно искуство за да се остварат потенцијалите за соработка меѓу двете земји.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток