Актуелно

Бугарија ќе заземе потврд став кон Македонија?

Бугарија најавува потврд став кон Македонија.

Заземање потврд и понепопустлив однос кон Македонија била една од темите, за која во рамките на преговорите за можно заедничко формирање влада, разговарале и постигнале согласност актуелниот мандатар за формирање влада на Бугарија Бојко Борисов од партијата ГЕРБ и потенцијалниот коалициски партнер Слави Трифонов од партијата „Има таков народ“. Тие разговарале на повеќе теми, како што е усвојувањето на еврото, влегувањето во Шенген-зоната, но и односите со Македонија, пренесува Њуз.бг, повикувајќи се на одговор на Борисов на прашање на кои теми разговарале со Трифонов.

Деновиве македонскиот претседател Стево Пендаровски изјави дека две години немал конструктивен разговор со бугарскиот колега Румен Радев, а тој утредента кажа дека најмалку десет пати го канел Пендаровски да ја посети Бугарија.

Инаку, Македонија треба да направи уставни измени за да ги продолжи преговорите со Европската Унија(ЕУ).

На почеток