Македонија

Министерката Тренчевска во дуел со владиката Петар: Не е време на инквизицијата

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска реагираше на велигденското послание на владиката Петар за родовата еднаквост. Taa му порача дека „не е време за инквизиција“.

– Ама Владико тоа ти со твоите ретроградни ставови, со понижувањата и омаловажувањата кон жената не можеш да го разбереш. Богохулие е отровот што го пушташ и со кој навредуваш и понижуваш 51% од популацијата. Не си ги разбрал поимите, но и времето во кое живееме. Не е време на инквизиција, Владико. Живееме во демократија. Во време кога можеби не секоја жена е гласна, храбра, но оние гласните и храбри се борат за родова еднаквост. За своите права и правата на секоја друга жена. За правата на секој поединец во општеството, објави Тренчевска на социјалните мрежи.
Владиката Петар во велигденското послание порача дека родовата еднаквост е „изопаченост“, жестоко говорејќи против феминизмот, нагласувајќи дека жената во денешно време е многу поеманципирана за разлика од минатото, но се повеќе има разведени жени и самохрани мајки.

Пренесувајќи ја неговата изјава, владиката истакнува дека остварувањето на права без должности, го расипува и изопачува светот, кој ја губи својата рамнотежа и хармонија и дека покрај феминизмот, на нашето оштество сега му се заканува уште поопасна и поотровна идеологија, а тоа според него е „изопачената“ родова еднаквост.

На почеток