Магазин

Михајловски за борбата на сопругата со ракот: Кога ја правеше операцијата, седнав покрај Вардар и плачев 2-3 часа!

Во подкастот на Стефан Лазаров гостуваше познатиот актер Тони Михајловски, каде отворено зборуваше за целата своја кариера, за приватниот живот, за периодот кога беше на браникот на татковината во 2001 година, за учеството во политиката, а најемотивно беше кога тој зборуваше за неговата сопруга Александра.

Имено, на прашањето да се присети на периодот кога тој, а најмногу Александра се бореа со непријателот наречен – рак, тој искрено и емотивно зборуваше за тоа.

Тоа беше рушење на целиот свет преку ноќ. За мене беше многу емотивно тоа, меѓутоа таа е страшен борец – вака ја започна прикзната за еден од најтешките периоди за него и неговото семејство.

На почеток