Актуелно

Најдобриот македонски одбојкар освои нова титула во Словенија

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев синоќа заедно со АЦХ Волеј од Љубљана го освои пехарот во словенечкото првенство.

Екипата на македонскиот одбојкар славеше и во третиот натпревар против Калцит Волеј (3-1) и така го освои 19. шампионски трофеј.

Ѓоргиев е најдобар македонски одбојкар и се очекува да биде лидер на македонската репрезентација на Европското првенство (ЕП), кое се игра оваа година.

На почеток