Македонија

Маж во Катланово почина по пад во шахта

68-годишен маж загина вчера во Катланово при пад во отворена шахта.

-На 21.04.2023 год. околу 10 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во Катланово има паднато машко лице А.А.(68) во шахта. Според пријавеното, додека се движел пешки, А.А. паднал во необележана ископана шахта за одвод, по што починал, информираат од МВР.

Од лекар од итна помош констатирана е смрт.

На почеток