Свет

Позната состојбата на повредените деца во Белград: Седум на операција, девојче се бори за живот

Позната состојбата на повредените деца во Белград: Седум на операција, девојче се бори за живот


Осуммина се убиени, а најмалку осум други се повредени во пукањето што утринава се случи во основно училиште во Врачар, Белград, во кое седмооделенец пукал прво во училишниот чувар, а потоа и во своуте соученици, пренесува „Блиц“.
Првичните информации што редакцијата ги добила од терен кажуваат дека се повредени дваесетина луѓе.
„Кога стигнавме на терен, затекнавме осуммина повредени, а чуварот беше мртов. Четири деца се примени во Ургентниот центар и се во операциона сала, а едно девојче меѓу нив е во животнозагрозувачка состојба,“ велат од Брза помош за „Блиц“.
Според нив, уште три деца се сместени во Тиршова, едно дете е во критична состојба и е на операција со тешки повреди на главата. Другите две деца се на интензивна нега и имаат прострелни рани, главно на екстремитетите.
Ранета била и професорка по историја од училиштето, но нејзината состојба е засега непозната.

На почеток