Свет

Ученикот кој направи масакар во српското училиште и порано бил пријавуван за насилство

Ученикот кој направи масакар во српското училиште и порано бил пријавуван за насилство


Српскиот ученик, кој уби врсници во училиште, бил пријавуван за врсничко насилство, а српскиот министер за образование одговори потврдно. Според него, ученикот Коста Кецмановиќ и во минатото бил пријавен дека нападнал лице на кое му нанел расеченици на устата. Ова се случило во приватно училиште за глума, па постапката била запрена.
Министерката за здравство на Србија посочи дека можеби е крајно време кај децата да се внимава на менталното здравје, а не само на физичкото.
Засега случајот со масакрот нема добиено правна квалификација. За тоа треба да одлучи српското Обвинителство.
„Станува збор за малолетно дете, кое според сите изјави е примерен ученик и кое немало забележани психички или други проблеми што би укажале на тоа“, рече шефот на белградската полиција.

На почеток