Македонија

(ФОТО) Градоначалникот на Охрид се соблече и скокна во езеро

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски за „Денот на рибарите“ се искапи во Охридското езеро. Георгиевски влезе со маица, а излезе разголен. Вусшност, тој на овој начин ги испочитува своите сограѓани и заедно со нив, на исти начин, учествуваше на манифестацијата.

Тој присуствуваше кај малиот плоштад на „Долна порта“, каде со рибна чорба, пача, вино и греана ракија традиционално охриѓани го прославија „Денот на рибарите“.

Присутните на настанот имаа можност да вкусат рибна чорба, подготвена во голем казан за која беа обезбедени 500 килограми риба.

Црвениот крст дел од рибната чорба ќе распредели по семејствата со социјален ризик во градот, како и на лица со хендикеп и постари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток