Свет

(ФОТО) Драматично во Сирија: Израел со ракети ги нападна иранските сили, загинаа четири лица

Израелски воени авиони во понеделник наутро извршија напади во Сирија на иранските сили Кудс, огранок на Револуционерната гарда. Сиријците вратија на нападот, а потоа израелци ги гаѓаа одбранбените ракетни состави на сириската војска, објави војската на Израел.

Медиумите во Сирија потпирајќи се на извори од војската на Сирија, објавија дека Израел извршил интензивен напад, но сириската одбрана со ракети ги уништила многуте ракети на израелската војска. Нападот во Дамаск траел речиси еден час.

Во напад на аеродромот во Дамаск, загинаа четири војници на Сирија, додека шест се ранети, пренесува РИА. Сириската опсерваторија за човекови права објави дека загинати се 11 лица.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток