Свет

„Блиц“: Во тек е вештачење на телефонот на убиецот од Белград, се истражува кому му пишувал пред масакрот

„Блиц“: Во тек е вештачење на телефонот на убиецот од Белград, се истражува кому му пишувал пред масакрот


Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската општина Врачар, утринава во 8 часот и 42 минути дошло до пукање во кое ученик од тоа училиште, идентификуван од полицијата како Коста Кечмановиќ, уби осум ученици, 7 девојчиња и едно момче, и обезбедувач, а повредил шест деца и една наставничка.
Како што дознава „Блиц“, се прегледува телефонот на момчето, кој треба да даде одговор на дел од прашањата.
„По вештачењето ќе се знае кому му напишал тоа утро, и што барал на интернет“, вели извор за „Блиц“.
Никола Ускоковиќ од Вишото јавно обвинителство во Белград за РТС изјави дека момчето кое го изврши масакрот во училиштето во Врачар е предадено на Центарот за социјална работа. Посочува дека од момчето ќе биде земена изјава, а потоа ќе му биде извршен медицински преглед.
Веќе им е предаден на работниците од Центарот за социјална работа. Ќе се земе крв за анализа со цел да се утврди дали во моментот на настанот бил под дејство на дрога, психоактивни супстанци или алкохол. После тоа, сите дејствија ги преземаат надлежните служби на Центарот за социјална работа и преземаат дејствија и мерки од нивна надлежност – изјави за РТС Ускоковиќ.
Момчето според последните информации страшното злосторство го испланирало месец дена однапред.
Кај него биле пронајдени два рачно напишани документи на кои забележал кого и како планира да убие во училиште.

На почеток