Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Вработените во администрацијата се први на удар на незаконието на власта

Македонскиот народ не успеале да го скршат и заплашат ниту тирани кои брутално ги ликвидирале патриотите само заради нивната љубов кон Македонија. Тоа нема да му успее ниту на Зоран Заев кој тргнува против народот само затоа што не доби поддршка за неговата политика на откажување од се што е македонско. Зоран Заев е готов да го тргува македонскиот идентитет, име, култура, историја и традиција само за да ја спаси својата кариера и да добие амнестија за криминалот во кој што е заглавен. За среќа народот покажа дека не е подготвен да поддржи ваква антидржавна политика, порача ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев во паника од преголемиот пораз кој му го нанесоа граѓаните се пресметува со сите кои гласаа против или апстинираа затоа што си ја сакаат државата.
Вработените во администрацијата се први на удар на незаконието на власта. Незаконски, надвор од сите процедури се бркаат, преместуваат, уназадуваат и малтретираат вработени во администрацијата.

Заев и картелот околу него ја деградираат правната држава. Охрабрени од моменталната власт која ја имаат тие вршат незаконски дејствија.
Незаконски се врши притисок врз вработените во УЈП, кои апстинирале на референдумот. Незаконски се уназадуваат и преместуваат, само затоа што ја сакаат Република Македонија.

Притисоци има и во Генералниот секретаријат на владата на Република Македонија, ЈСП, но и сите институции на централната и локалната власт.
СДСМ доживеа дебакл на референдумот за промена на името.1 милион и 200 илјади Македонци му кажаа НЕ на Зоран Заев и капитулантските политики што ги води. Договорот од Преспа е правно – политички мртов, колку порано Зоран Заев тоа го прифати толку подобро.

Граѓаните и покрај сите закани, притисоци и уцени се одважија и храбро се спротивставија на криминалниот картел на чело со Зоран Заев, тие со својата апстиненција гласно кажаа дека Република Македонија победи.

Ниту Заев, ниту било кој друг не смее да ги крши законите и Уставот на државата. За сето незаконие што се врши сега од претставниците на власта мора да следи одговорност. Секој кој ги прекршил законите ќе одговара со враќањето на правната држава. Република Македонија ќе победи“ се наведува во соопштението на опозициската партија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток