Актуелно

(ВИДЕО) Заврши првото полуфинале на Евровизија: Две балкански земји се пласираа во финалето

Под мотото „Обединети од музиката“, вечерва започна 67. издание на Изборот на песна за Евровизија, а Велика Британија како земја домаќин ѝ приреди одлично шоу на публиката во арената во Ливерпул, но и на милионската публика ширум Европа.

Имено, вечерва се одржa првото полуфинале на музичкиот фестивал, а 15 земји учеснички се натпреваруваа за да го обезбедат своето место во големото финале. За жал, само 10 од нив ќе ги видиме повторно во саботната вечер.

Вечерашните финалисти се: Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка.

Според обложувалниците, најголем фаворит за победа на годинашното издание на Евровизија е Шведска, која ја претставува пејачката Лорен со песната „Tattoo“. Како потсетување таа ѝ ја донесе победата на својата земја и во 2012 година, со песната „Euphoria“.

На почеток