Свет

Под истрага и мајката на Коста, се истражува дали го малтретирала синот

Под истрага и мајката на Коста, се истражува дали го малтретирала синот


Основното јавно обвинителство во Белград по службена должност оформи предмет поврзан со настанот во основното училиште „Владимир Рибникар“ на 3 мај годинава кога 13-годишниот Коста К. ги одзеде животите на десет лица.

Целта на истрагата, како што велат од тамошното обвинителство е да се утврди дали со дејствијата, М.К – мајката на убиецот, направила кривичното дело. – запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

Обвинителството испратило барање до полициското одделение за град Белград за прибирање на потребните сознанија, со што наложено утврдување на фактичката состојба на осомничената М.К., пренесе „Блиц“.
Исто така, на Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето убиец и да поднесе пријава до обвинителството, како и да утврди дали семејството претходно било во евиденцијата на тој орган.
„По доставените извештаи на Полициската управа за град Белград и Градскиот центар за социјална работа до обвинителството, јавноста без одлагање ќе биде информирана за натамошниот тек на постапките и донесените решенија“, соопштија од обвинителството во Белград.
Седмоодделенецот на 3 мај влезе во училиштето со пиштолот на својот татко. Кобниот ден пукал во правец на училишниот чувар Драган Влаховиќ, а потоа уби две дежурни ученички. 13-годишното момче потоа влезе во кабинетот по историја каде уби шест соученици, а исто така рани шест ученици и еден наставник.
Набргу по злосторството, таткото на момчето, Владимир К. беше приведен за тешко кривично дело против општа опасност.
Според адвокатот Никола Ристовиќ, максималната казна за ова дело е 12 години затвор.
 

На почеток