Свет

Ја дезинфицирале куќата, па подготвиле пилешко за ручек: две деца починаа од труење

Ја дезинфицирале куќата, па подготвиле пилешко за ручек: две деца починаа од труење


Мајка од Турција со два сина и ќерка во саботата наутро била примена во болница во Бодрум со симптоми на труење. И покрај напорите на лекарите, нејзиниот шестмесечен син починал, а набрзо починала и нејзината шестгодишна ќерка.

Инџи Сандик и нејзините синови Сезаи, Ураз и ќерката Карја, кои живеат во областа Мугла во Бодрум, биле пренесени во болница откако им се слошило. Ураз, за ​​кој постои сомневање дека бил отруен од мајчиното млеко, не можел да се спаси и покрај напорите на лекарите. Карја, која била во тешка состојба, била префрлена во друга болница, но за жал и таа починала во неделата, јавуваат турските медиуми.

Според информациите, семејството на 19 мај вечерало пилешко и неодамна ја дезинфицирало куќата. Истрагата треба да открие дали труењето го предизвикало пилешкото или некоја хемикалија.
Според последните информации мајката Инџи и нејзиниот втор син Сезаи се во стабилна состојба.
Братот и сестрата беа погребани во присуство на семејството, роднините и пријателите, како и градоначалникот на Бодрум.

На почеток