Свет

Чувар во Црна Гора сексуално злоставувал дете

Чувар во Црна Гора сексуално злоставувал дете


Црногорската полиција соопшти дека 47-годишник е уапсен под сомнение дека сексуално злоставувал малолетничка во училиштето на северот од државата каде работи како чувар.

„Припадниците на Регионалниот центар за безбедност „Север“ во соработка со службениците на Секторот за гранична полиција го спречија обидот за бегство на осомничениот (47), го пронајдоа и го приведоа во службените простории“, се наведува во соопштението на Полициската управа, пренесува Вијести.

Се додава дека мажот е лишен од слобода по наредба на Вишото државно обвинителство поради сомнение дека сторил кривично дело недозволена полова активност.
Тој е осомничен за сексуална злоупотреба на малолетничка во јуни и септември 2022 година, како и на 19 мај годинава во просториите на училиштето во кое чуварот работел а девојчето била ученичка.

На почеток