Свет

Австрија вели дека не треба да и се дозволи влез на Украина во ЕУ пред балканските земји

Австрија вели дека не треба да и се дозволи влез на Украина во ЕУ пред балканските земји


Украина не треба да биде приоритет за ЕУ, изјави шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг, кој смета дека „би било катастрофално доколку Украина и Молдавија минат низ брзата лента, а земјите од Западен Балкан останат на страна.

„Украина ќе влезе во ЕУ веднаш штом ќе се исполнат условите. Не треба да има двостепено општество. Во Солун пред 20 години им ветивме на земјите од Југоисточна Европа дека ќе ни се придружат“, кажа Шаленберг во интервју за „Велт“.

Според него, Западот треба да продолжи да преговара со Русија, како што тоа го прави американската Влада, бидејќи таа е најголемиот географски сосед на ЕУ и најголемата нуклеарна сила на планетата.
„Австриските власти одржуваат неформален канал на комуникација со Русија и се посветени на продолжување на дијалогот со Москва и покрај тековниот украински конфликт“, посочи тој.
Според него, за натамошни преговори со Руската Федерација потребно е да се искористат меѓународните форуми, како што се Организацијата за европска безбедност и соработка и Обединетите нации и да се види „глобалната одговорност“ на западните земји.
Шаленберг на крајот од интервјуто за „Велт“ додава дека нема намера да одбие да се ракува при евентуална средба со неговиот руски колега Сергеј Лавров, бидејќи тоа го бараат нормите на дипломатскиот бонтон.

На почеток