Свет

Итен инспекциски надзор по обвинувањето за мрачните сеанси во „Владислав Рибникар“

Итен инспекциски надзор по обвинувањето за мрачните сеанси во „Владислав Рибникар“


Откако Слободан Негиќ, таткото на убиеното девојче во основното училиште „Владислав Рибникар“, изјави дека докторката Ранка Радуловиќ во тоа училиште без знаење на родителите одржала средба со децата само два дена по масакрот, Министерството за здравство нареди вонредна инспекција каде што таа работи, на Клиниката за психијатрија на Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Негиќ изјави дека се одржувале „темни психотерапевтски сесии“ со децата кои дошле на училиште тој ден за да ги соберат своите работи, при што докторката им пуштала народна музика на децата и им наложила да се поврзат со духовите и душите на нивните убиени другари.

Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека „Клиниката ќе изврши внатрешна ревизија со која ќе се утврдат сите факти поврзани со конкретниот настан на 5 мај на кој се однесуваат забелешките.
„На 4 мај, веднаш по трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“, со цел психолошка поддршка на учениците, наставниците и родителите, Министерството за здравство формираше стручен тим“, се наведува во соопштението.
Во масовното убиство во тоа училиште беа убиени девет деца и чувар на училиштето, а ранети наставничка и пет деца.

На почеток