Свет

Парализирана Швеѓанка во Лондон не може да се врати дома поради бирократија

Парализирана Швеѓанка во Лондон не може да се врати дома поради бирократија


52-годишна Швеѓанка остана парализирана по катастрофалната несреќа со велосипед и повеќе од една година е заглавена во болница во Лондон, откако напорите да ја вратат во нејзината родна земја пропаднале поради бирократијата во Стокхолм.

Ситуацијата, која нејзиниот сопруг ја опишал како „срамна“, доаѓа по сличен случај во кој властите се заканиле дека ќе депортираат 74-годишна Британка со Алцхајмерова болест поради строго почитување на бирократијата за Брегзит.

Карин (52), директорка на компанија за истражување на јавното мислење, живеела во Лондон повеќе од 25 години кога се здобила со тешка повреда на мозокот од удирање со главата на тротоарот откако паднала од велосипедот минатиот март.
Нејзините повреди биле толку тешки што ја поминала изминатата година преместена од едно одделение за интензивна нега и една болница во друга, поради што биле потребни низа операции и процедури кои и го спасиле живот.
Нејзиниот сопруг, Том, сакал да ја однесе дома во Шведска, каде тој со нивниот 12-годишен син ќе можат да бидат близу до неа. Но, бидејќи толку долго живеела надвор од земјата, таа отпаднала од официјалниот регистар на население на Шведска и не може да се смета за подобна за нега во нејзиниот здравствен систем.
На нејзиниот сопруг му било кажано дека може да приложи документи за да ја врати на списокот како жител во Шведска во нејзино име, но само кога неговата сопруга, која не може да оди или зборува, е физички во земјата.
Одбивањето на Шведска да дозволи исклучок од правилата за ранливи граѓанин го шокирало семејството на Карин, а нејзиниот сопруг верува дека многу други емигранти од Шведска нема да бидат свесни за последиците од отпаѓањето на регистарот на население.
Том го посвети својот живот на грижата за својата сопруга, па дури и им пишувал на 349 пратеници во Риксдаг во Шведска. Одговор добил само од еден, кој изразил сочувство, но рекол дека не може да ја реши ситуацијата.
Том, исто така, стапил во контакт со Европската комисија и канцеларијата на Обединетите нации на Високата комисија за човекови права, тврдејќи дека неговата сопруга била дискриминирана како лице со посебни потреби. И тие не можеле да го надминат ќор-сокакот.

На почеток