(ФОТО) Во рекорден рок почна уништувањето на тротинетите Скопје

Од
Објавено на

Цел Фејсбук „гори“ од фотографии од уништени, украдени и фрлени електрични тротинети на турската компанија „BinBin“, која на ЈП „Градски паркинг“ му изнајми 500 електрични тротинети за жителите на Скопје.
Меѓутоа, се чини дека овој проект брзо ќе замине во историјата, судејќи според односот на граѓаните кон тротинетите.
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од оштетените и фрлени тротинети, па дури и од граѓани кои ги фотографирале, мислејќи дека некој ги изгубил, некои пак завршија во контејнери….
Ние сме еден фин и мирољубив народ, освен во дадени моменти кога не сме такви.. pic.twitter.com/AAEF1UrViG
— Kolace (@kollace12) May 22, 2023
Си најдов тротинет☝️☝️☝️ pic.twitter.com/a4RBBiNz51
— Скитникот (@Skitnikot7) May 22, 2023
