Свет

Момче повикало полиција на помош во Мисисипи, полицаецот го застрелал при интервенција

Момче повикало полиција на помош во Мисисипи, полицаецот го застрелал при интервенција


Момче од Мисисипи (11), кое беше застрелано од полицаец откако повика помош, се опоравува откако беше пуштено од болница, соопшти неговото семејство.

Адериен Мур бил застрелан во градите од полицаец кој одговарал на повик за вознемирување.

Мајката на момчето изјавила за Си-Ен-Ен дека таткото на едно од нејзините деца пристигнал дома во 4 часот наутро лут. Загрижена за сопствената безбедност, таа побарала од Адериен да повика полиција. Таа раскажа како полицаецот кој пристигнал во куќата држел пиштол вперен кон влезната врата и ги замолил оние што биле внатре да излезат.
Таа тврди дека полицаецот пукал во нејзиниот син кој излегол од дневната соба во ходникот.
„Кога дојде зад аголот, тие го застрелаа. Не можам да сфатам зошто. Истиот полицаец кој му рече да излезе од куќата. Адериен излезе и беше застрелан. Тој постојано прашуваше: „Зошто пука во мене ? Што згрешив?“, рекла мајката.
Момчето итно било префрлено во болница, каде било ставено на респиратор. Тој вчера бил отпуштен од болница. Мајката на момчето рекла дека во куќата во моментот на пукањето имало уште две деца.

На почеток