Македонија

Чичко ми ја запали куќата на мајка ми додека таа беше внатре, сведоштво за запалената куќа во Неготино

Пожар избувна пред неколку дена во семејна куќа и ги вознемири жителите на градот Неготино. Изгоре куќата на 60-годишната Виолета Донева.

Ќерката на Виолета, Благица Делкова во разговор со „Фокус“ раскажа како се случила несреќата. Таа обвини дека пожарот го подметнал нејзиниот чичко, кој и во минатото неколку пати се обидел да го запали нивниот дом.

„Чичко ми, човек познат на надлежните институции како алкохоличар и пироман, ја запали куќата на мајка ми додека таа беше внатре. Во едниот дел од куќата живее неговиот син, а во другиот живееше мајка ми. Чичко ми помина подолг период во Јавната здравствена институција Негорци поради тоа што и во минатото се обидуваше да ја запали куќата“, вели Благица.

Луѓето можат да донираат, а ќе помогне и општината.

На почеток