Свет

Русите на Крим продаваат станови и вили на украински тајкуни, меѓу нив е и пентхаусот на Зеленски

Русите на Крим продаваат станови и вили на украински тајкуни, меѓу нив е и пентхаусот на Зеленски


Повеќе од 57 имоти на украински тајкуни и разни други сопственици на Крим ќе станат руска сопственост. Русија планира да ги продаде за дополнително да ја финансира војната во Украина, објави Metro.co.uk.

Меѓу тие имоти е и станот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој и припаѓа на неговата сопруга Олена.

„Непријателите на Русија нема да се збогатат на територијата на руски Крим“,  изјавил Сергеј Аксинов, шефот на регионот кој во 2014 година илегално беше анектиран од Русија.
Зеленски и неговата сопруга го купиле станот во 2013 година, но поради анексијата немале можност да останат таму. Пентхаусот со три соби е вреден 745.000 евра.
„ Тоа нема да биде преголема загуба за него“, изјавил претседателот на Државниот совет на Крим, Владимир Констатинов.
Покрај финансирањето на војната, дел од средствата собрани од продажбата на недвижен имот ќе одат и за семејствата на загинатите во војната.

На почеток