Македонија

ВМРО Народна партија за петте предлог закони за изградбата на дел од коридорите ќе гласа против

ВМРО Народна партија за петте предлог закони со ознака на европско знаме поврзани со изградбата на дел од коридорот 8 и дел од коридорот 10д, кои што поминаа на комисијата за европски прашања ќе гласа против донесување на законите вели Љупчо Балковски.

„Непостоење на точна и јасна организација и усогласеност на Владата во потребниот број и начинот на законските измени и тоа:
Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер е донесен на 15.07.2021 година со што е утврден стратешкиот партнер на 10.04.2023 собранието ја усвои потребата за донесување на 8 предлог закони предложени од пратеници по скратена постапка додека еден предлог закон 9 беше доставен, но пред седница беше повлечен. Осумте предлог закони предлог законот за изменување на законот за минерални суровини се разгледа на матичната комисија за економски прашања додека останатите седум предлог закони предложени од пратеници беа повлечени и владата да предложи пет предлог закони со ознака на европско знаме за кои што забелешки има и од европската комисија и унија коишто владата не ги прифати.

ВМРО Народна партија уште при донесување на основниот закон во 2021 година реагираше со амандмани кои беа одбиени за членовите од договорот со кои се исклучува примената на законите во целост или делумно и ги потенцираше проблемите што сега се отвораат при реализација на договорот. Напоменувам дека ги поддржуваме програмите на владата за изградба на инфраструктурни проекти но не начинот кој е без систем и без процес на работа согласно постоечките закони. Со донесување на овие предлог закони се исклучува примената на финансискиот систем во државата и на правниот систем во делот на важноста на овие закони. Се доведува во прашање значењето и важноста на основниот закон и определување на стратешкиот партнер и се исклучува обезбедување на еднакви законски одредби и еднакви услови за изведувачите на големите градежни работи почитување на правата на работниците кои ќе работат на проектите и заштита на животната средина. Од донесениот основен закон за утврдување на јавен интерес и предложените предлог закони со европско знаме се дефинираат следните заклучоци и констатации:

Не може после потпишување на договор и отпочнување на работите да се менуваат условите за работа поготово со менување на закони кои имаат директно влијание врз изградбата, финансиите и рокот
Владата и ресорните министерства треба да одговорат зошто после 2 години од донесување на основниот закон кој е донесен на 15.07.2021 година ги предлага законите со европско знаме само со единствено образложение заради побрзо донесување на законите. Законите не треба да се менуваат за поединечни случаи како што се прави со овие предлог закони каде што измените се вршат заради претходно потпишан договор со изведувач. Најскапиот проект во државата ќе се реализира според правната регулатива не со закон туку со правилник, односно не со урбанистички план туку со урбанистички проект. Во изработката а урбанистички план со доставување на податоци учествуваат Министерствата за култура, за земјоделие, екологија и други институции и правни лица каде што податоците се составен дел на документационата основа на урбанистичкиот план.
Со урбанистичкиот проект се прескокнува планската програма за урбанистичкиот план и затоа трите предлог закони од овие осум кои што се за измена на законот за културно наследство, законот за шуми и законот за земјоделско земјиште не се доставени за усвојување. Со урбанистичкиот проект се постигнува само побрзо започнување на градење но ве уверувам дека проблемите ќе настанат во текот на градењето а тогаш без урбанистички план со скратување на законските постапки во законот за градење работите ќе се решаваат на лице место со застој во изведбата, со многу непредвидени работи кои ќе значат и ново поскапување на целиот проект. Овие предлози и констатации се со цел комплетирање на проектот и со ангажманот на светскиот градежен гигант „Бехтел и енка“ нивното искуство стручно и професионално работење и градење овие патишта да се започнат, да се завршат, да се одржуваат и да се користат во системот на европските патни мрежи.
Повторно доставуваме предлог до владата и истовремено ја охрабруваме да донесе одлука за изградба на автопатско решение на комплетниот коридор 8 од Куманово до ГП Девебаир и изградба на автопатско решение на комплетниот коридор 10 Велес, Прилеп, Битола, до граничен премин Меџитлија. На ваков начин ќе добиеме целосно решение наспроти сегашното парцијално.

Владата треба да покаже интерес и повторно ја охрабруваме и за средишната патна оска граничен премин Делчево, Кочани, Штип, Велес, Прилеп, Кичево, ГП Дебар.

Источна патна оска ГП Крива Паланка, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, Берово, ГП Дојран, и јужна патна оска ГП Ново Село, Струмица, Кавадарци, Битола, Охрид, Струга, ГП Ќафасан.

Како член на комисијата на транспорт, врски, екологија поднесувам барање до владата за доставување на тримесечни извештаи од надзорот на изведбата на автопатите за текот на реализацијата на проектите почнувајќи од 04.04.2023 година до комисијата на транспорт, врски, екологија затоа што основниот предлог закон беше предложен од пратеници и усвоен од собранието, а не од владата. На тој начин ќе се постигне поголема транспарентност на процесот на изградба на делот од коридорот 8 и 10Д. Само со директно поврзување на ГП на република Македонија со државите членки на ЕУ и на европските коридори со автопати а не со магистрални и експресни патишта ќе придонесеме како држава која е во фаза на скрининг процес а потоа во процес на преговори со ЕУ за развој на сообраќајот и инфраструктурата во целокупноста на европската транспортна инфраструктурна .мрежа“, додава тој.

На почеток