Скопје

159 сообраќајни прекршоци во Скопје, 40 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за непрописно престројување, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток