Свет

Koj ќе го наследи Вучиќ? СНС добива нов лидер

Koj ќе го наследи Вучиќ? СНС добива нов лидер


Српската напредна партија денеска во 12 часот во Крагуевац одржува партиско собрание на кое ќе изберат нов претседател и раководство.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа на митинг во Белград соопшти дека од денеска повеќе нема да биде претседател на Српската напредна странка.

„Ова е последната вечер кога ќе ви се придружам како претседател на СНС“, рече Вучиќ на митингот во Белград.
Тој кажа дека од денеска Српската напредна странка ќе има некој друг на чело, а тој ќе биде само „претседател на сите граѓани“, а не претседател на политичка партија.
Како што дознава „Н1“ од членовите на СНС кои ќе учествуваат на собранието на партијата, никој не го добил дневниот ред пред собранието, како и листата на кандидати за потенцијални наследници на Вучиќ.
Неофицијално се споменува дека воопшто нема да се избира еден претседател на партија, туку дека со партијата ќе раководи колективно тело составено од три или пет члена.
Меѓу кандидатите кои се споменуваат прв како најсигурен е министерот за одбрана Милош Вучевиќ. Потенцијално во тоа колективно тело би можеле да бидат министерот за финансии Синиша Мали, како и премиерката Ана Брнабиќ, пишува „Н1“.
Сепак, иако Брнабиќ важеше за еден од кандидатите, некои членови на СНС се повеќе веруваат дека таа ќе се откаже од трката по нејзините недамнешни јавни настапи.

На почеток