Скопје

Без струја дел од четири скопски општини

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (четврток), без електрична енергија ќе останат:

– од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од улиците: Ѓорѓи Сугаре и Петар Делјан. (Oпштина Кисела Вода);

– од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од селата: Дoлно Блаце, Горно Блаце како и објектите на Граничниот премин – Блаце. (Општина Чучер-Сандево);

-од 11:30 до 14:30 часот, корисниците од улиците: Козара, Васил Ѓоргов и Адам Мицкиевич. (Oпштина Центар);

– од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Радушка, ул. Црногорска и ул. Македонска Преродба. (Oпштина Ѓорче Петров).

На почеток