Скопје

(Фото) Змија во центарот на Скопје: „Ништо не е искосено, права џунгла“

Се повеќе змии се појавуваат во централното градско подрачје на Скопје, а скопјани се жалат дека се плашат и бараат проблемот да се реши.. На социјалните мрежи е споделена фотографија од змија, која, како што е наведено, се појавила на паркинг во центарот на Скопје.

„Змии шетаат во Центар. Ништо не е искосено, права џунгла е“ пишува во еден од коментарите под фотографијата.

На социјалните мрежи под фотографијата, коментарите на граѓаните се дека овој вид змија не напаѓа, но стравуваат дека станува збор за отровница. Очекуваат дека со покачувањето на температурите, се повеќе влекачи ќе се појавуваат и во Скопје.

Змија вчера беше забележана на кејот на Вардар, каде има поголемо движење на луѓе. Претходно змии имаше и во Аеродром, а ист проблем беше и лани кај МНР.

На почеток