Македонија

(ВИДЕО) Александар Николоски има службено возило и шофер ?

ВМРО ДПМНЕ за функционерите на лизнг купило автомобили и вработило шофери ?

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски се вози со службен автомобил и шофер.

На фотографиите кои ги направи екипата на Скопје1.мк на 20 јануари во Охрид, тој влезе во автомобил со скопски регистарски ознаки, кој беше управуван од шофер, а Потпретседателот седна на задното седиште.

Според информации на Скопје1.мк автомобилот кој беше целосно непрописно паркиран во центарот на Охрид е во сопственост на една компанија која продава возила и според сопственоста тој е купен на лизинг и не е подвижен имот на ВМРО ДПМНЕ.

Скопје1.мк денес се обрати кај портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски кој иако во повеќе наврати ветуваше дека ќе даде одговор на прашањето за тоа дали ВМРО ДПМНЕ на функционерите им купило нови автомобили на лизинг и им плаќа гориво и шофери, и по неколку часа не даде одговор.

Целиот имот на ВМРО ДПМНЕ е замрзнат како дел од истрагите на СЈО во случајот „Талир“ кои се однесуваат на финансирањето на партијата и како го стекнала имотот вреден милиони евра.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток