Македонија

Се огласи ВМРО ДПМНЕ: Немаме службени, приватните автомобили ги користиме за партиски цели

По веста дека потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски се вози со службен автомобил и шофер, се огласија од партијата. Од таму го известуваар Скопје1 дека партијата не купила возила на лизинг и немаат ангажирано возачи. Додаваат дека свое возило користат сите дури и претседателот Христијан Мицкоски.

Што се однесува до возилото кое е фотографирано појаснуваат дека истото е во сопственост на Николоски и дека истото потпретседателот го плаќа на лизинг.

„Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски не користи службено партиско возило, туку го користи своето приватно возило. Истото го користи и за партиски цели односно и кога има партиски активности“, велат од ВМРО ДПМНЕ“.

Инаку Скопје 1 вчера во повеќе наврати се обиде да добие точна информација од партијата, но нашите обиди се до објавувањето на веста беа залудни.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток