Македонија

Двајца бугарски државјани повредени во сообраќајка во делчевско

Вчера околу 17.40 часот на место викано „Баткова чешма“, делчевско на магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес Спринтер“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(33) од Делчево, и патничко моторно возило „Ауди А4“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.К.К.(21) од Р.Бугарија.

Во незгодата со повреди се здобиле возачите и сопатникот во возилото “Ауди” В.П.Г.(22) од Р.Бугарија, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Јавна здравствена установа „Гоце Делчев“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток