Свет

Русија почна тестирање на авионот бомбардер Ту-160М

Русија почна тестирање на авионот бомбардер Ту-160М


Русија почна со тестирање на првиот експериментален модернизиран стратешки бомбардер Ту-160М, објави руската новинска агенција ТАСС.

Ту-160М е наменет за напади врз непријателски цели во оддалечените области со нуклеарно и конвенционално оружје. Тестовите беа извршени денеска од руското Министерство за одбрана и дизајнерската технолошка компанија Ростек.

Ту-160М е надградена верзија на рускиот авион Ту-160.

На почеток