Македонија

ЦО на СДММ избра нови органи

Денеска се одржа првата седница на Централниот одбор на Социјалдемкратската младина на Македонија, на која што беа избрани секретар, потпретседатели, огранизационен секретар и нов состав на Извршниот одбор на СДММ.

„Новите органи и тела на СДММ во мандат во следните две години ќе имаат бројни активности, создавање на квалитетни младински и европоски политики, промоција на политиките на СДММ и СДСМ“, соопштија од партијата.

За секретар на СДММ е избран Виктор Велевски од ЛК СДММ Кавадарци. За организационен секретар е избран Гордан Шутаровод од ЛК СДММ Карпош.

За потпретседатели се избрани Јон Фрчкоски, Ана Манасиева и Никола Рилак.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток