Европа станува сè повеќе зависна од САД како дел од Северноатлантскиот сојуз, пишува француски „Монд“.
Кога членките на НАТО ќе се соберат на самитот во Вилнус, „Европејците ќе се најдат во позиција на вазали, позависни од САД од кога било досега“, посочува весникот.
Весникот наведува дека „јазот меѓу потенцијалот на двата столба на НАТО расте во сите сфери на штета на Европа“.
Новинарите на „Монд“ сметаат дека Европа заостанува зад САД во сите стратешки важни сфери, како што се економијата, технологијата и одбраната, и забележуваат дека овој тренд трае од 1945 година.
„Јазот продолжува да расте спротивно на декларираните аспирации за постигнување поголема европска стратешка автономија“, оценува „Монд“.
Весникот посочува дека „Вашингтон игра комплицирана игра“ редовно „изјавувајќи ја својата желба да види помоќен европски дел од НАТО, а во исто време нивната воена индустрија ужива невидено широко присуство во Европа потиснувајќи ги ретките заеднички европски проекти“.