Коментари

Лани Косана избрка 110 лица оти не оделе на работа, ова е втор ,,бран”, не ви е чудно што лани не ги виделе, прашува Јоци

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи се огласи во врска со избрканиот синдикалец од „Комунална хигиена“, Дели Дардишта, кои ги потврдува тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска дека дел од неговата фамилија е вработена во претпријатието. За него, ова не е спорно, посочувајќи дека се е законски.

Вчера, градоначалничката Арсовска покажа список со вработени лица од иста фамилија, а на кој стоеше презимето Дардишта.

„Дардишта од фамилијата вработена во „Комунална хигиена“: Ние сме со генерации тука, камо да се вработевме на друго место, а не во ѓубре
Сé што кажува човеков, кој е прв синдикалец, а е избркан незаконски, е вистина – дека фамилијата Дардишта со генерации се во „Комунална”.
Проблемот е друг. Данела и Косана играат со „огнените” од ДУИ, впрочем им даде Арсовска двајца директори, па оттаму и новите листи за бркање на луѓе блиски до минатите директори од време коцево и шилегово.

Патем, за оние што не се сеќаваат, лани Косана веќе избрка 110 лица, со објаснување – не оделе на работа.
Ова е втор ,,бран” од стотина лица.
Не ви е чудно што лани не ги виделе?
Ќе ви стане јасно, кај и да е што прават двеве. Џабе ќе објаснуваме сега.
Данела и Косана се сé, само не она за што се претставуваат“, вели Јоци.

На почеток