Македонија

Локализиран пожарот во затворот во Битола

Вчера попладне избувнал пожар во една од ќелиите во КПУ Затвор Битола, при како што беше пренесено, чадот стигнал до сите ќелии каде што се наоѓале затворениците.

Од службите во Управата за извршување на санкции ја потврдиле информацијата и велат дека огнот бил бргу изгаснат.

Според првичните информации, единствено лекарска помош побарале и им е укажана на неколку чувари во затворот кои вдишале чад.

Притворениците се преместени низ другите затвори во земјава.

Повеќе информации и детали се очекуваат во текот на денешниот ден.

На почеток