Свет

Кина целосно го запре купувањето сурова нафта од САД

Кина, вториот најголем купувач на американска нафта, целосно го прекина купувањето сурова нафта од САД.

Кина во август од САД увезе 334.880 барели нафта и со тоа беше вториот најголем купувач на американска нафта, по Канада.

Прекинот на увозот на американска нафта во Кина се случува во моменти на ескалација на трговскиот конфликт меѓу двете земји. Одлуката на Пекинг сега да го спречи влегувањето на американска нафта на пазарите личи на „нагол потег“, бидејќи „црното злато“ досега не беше вброено во ниедна листа на стоки што Кина возвратно ги царини при увозот од Америка.

Кина најмногу нафта купува од Русија (665.000 барели, и ја плаќа во јуани), Саудиска Арабија и Иран. Каде „азискиот тигар“ сега ќе може да побара замена за американските барели, и како Вашингтон ќе реагира на овој прекин на петроизвозот, е многу неизвесно.

Цената на нафтата се зголемува во последниве недели поради страв на пазарите и покрај јасните знаци за рекорден пораст на американските резерви, стабилниот глобален економски раст и солидната побарувачка – фактори што во некои други времиња би влијаеле на намалување на цените на оваа движечка суровина на светската економија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток