Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави за РТС дека постои мала конфузија кај западот околу тоа кој е нивниот став за војската во Косово.
Дачиќ истакна дека ставот на Србија е дека единствени вооружени сили кои можат да бидат присутни на Косово се силите на КФОР и дека српскиот претседател, Александар Вучиќ, на 8 октомври со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе разговара за проблемите околу основањето на војската бидејќи е спротивно на Резолуцијата 1244.
„За нас повеќе ништо не може да биде изненадување кога станува збор за ставот на одредени западни кругови. Но вистината е една, а тоа е дека со никаков документ не се предвидени вооружани сили на Косово“, рече Дачиќ и додаде дека основањето на косовската војска би било безбедносна закана за целиот регион.
Како што објасни, позицијата на Србија во дијалогот со Приштина е значително подобрена за разлика од пред пет или шест години.
